Оваа година, Интернационалниот ден на археологијата го обележавме со две интерактивни работилници.
„Јас и музејот, една приказна” е реализирана со членови од дневниот центар ,,Порака”, Скопје, за лица со интелектуална попреченост.
Учесниците имаа можност да се запознаат со постојаната поставка на музејот, да се навратат во минатото бар за миг облекувајќи ги нашите антички облеки и секако изработки од најразлични материјали кои се инспирирани од артефактите изложени во музејот.
Од нив научивме лекции за безусловна љубов, посветеност и взаемна помош, а преку нас се запознаа со минатото и навиките на нашите предци, пренесено со многу емоции.