Интерактивен настан „Приказната за Фаустина“

  • Post category:Новости
  • Reading time:1 mins read

Во рамките на Европските денови на културното наследство 2023, манифестација која оваа година се одвиваше од 22 до 28 септември на тема „Живо наследство“, во Археолошкиот музеј се одржаа две работилници.
Интерактивен настан „Приказната за Фаустина“ во рамките на изложбата „Стибера, 70 години археолошки истражувања“, со учениците од италијанската паралелка од гимназијата „Никола Карев”. Заедно со нивната професорка Александра, за миг се навратија на животот на божествената Фаустина, со пораки од учесниците како тие ја почувствувале приказната за начинот на кој Фаустина живеела.
Работилниците ги реализираа Марија Колевска Димишковска и Марија Рабаџиска.