Изложба „Стибера, 70 години археолошки истражувања“

Од 25.5.2023 до 25.11.2023 година во Археолошкиот музеј ќе биде отворена изложбата „Стибера, 70 години археолошки истражувања“. Првите систематски археолошки ископувања на античкиот град Стибера ги спровел Археолошкиот музеј во Скопје во 1953 г. Археолошките истражувања продолжуваат во 1959 г. и до денес ги води Заводот и Музеј во Прилеп. Низ овие 70 години Стибера раскажува за својот живот и нејзините граѓани преку откриените градби и преку движниот археолошки материјал, кои се вбројуваат меѓу најпрепознатливите во македонската археологија. Историјата на Стибера преку пронајдените археолошки предмети со оваа изложба за прв пат интегрално се претставува пред пошироката јавност како соработка меѓу двете установи кои ја истражувале.
Изложбата „Стибера, 70 години археолошки истражувања” е финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија преку Годишната програма за финансирање проекти од национален интерес за 2023 година.

Стибера покана