На 09.03.2023, во организација на Завод и Музеј Струмица, Завод и Музеј Штип и Археолошкиот музеј во Скопје се отвори изложбата “Праисторијата во Струмичко-радовишкиот регион”.
Посетителите ќе имаат ретка прилика на едно место да погледнат дел од археолошките предмети од локалитетите Орниче, с.Костурино; Канли Чаир, с.Дамјан; Страната и Чаушов камен, с.Ангелци; Бојковци и Тополничка река, с.Дамјан; Голема Трпеза, с. Старо Коњарево; Цареви Кули во Струмица; Чешмеџик во Радовиш; Манастир, с.Габревци; Падарница, с.Водоча; Штучка река, с.Штука; Скоруш чешма, с.Костурино, кои потекнуваат од неолитот, енеолитот, бронзеното и железното време (крајот на 7-от милениум пр.н.е. до средината на 1-от милениум пр.н.е.).
Изложбата може да се посети до крајот на април, 2023 година.