Во текот на ноември, Археолошкиот музеј на РСМ во соработка со Рурскиот Универзитет во Бохум изведоа систематска проспекција на теренот во атарот на селото Наколец, Преспа.
При истражувањата беа пронајдени и документирани површински траги од населби од хеленистичкиот, римскиот и средновековниот период, како и остатоци од две наколни живеалишта.
Станува збор за пилот проект, кој од наредната година ќе прерасне во долгорочна соработка помеѓу овие две институции.
Со истражувањето раководеа д-р Барбора Вајсова и д-р Дамјан Донев, а останатиот дел од тимот го сочинуваа Радомир Ивановиќ од Археолошки музеј, д-р Аксел Мис, м-р Вера Долежалкова, м-р Ана Лиса Шнајдер, м-р Анкатрин Бенз, Клариса Хаубентал и Марк Клаус.