Елизабета Гонзага, една од најважните фигури во културниот живот во ренесансата

Елизабета Гонзага била една од најважните фигури во културниот живот на тоа време. Вљубеник во уметноста и литературата, протагонист во ,,Книгата на дворјаните” од Балтазаре Кастиљоне каде таа е персонификација на грациозност, високо ценет квалитет за совршена дама на двор.
Таа била жена на Војводата од Урбино – Гуидобалдо да Монтефелтри.

Елизабета Гонзага

На сликата е претставена допојасно, рацете се изоставени така што фокусот е насочен кон рамењата и нејзиниот лик е поставен строго фронтално.

Во позадината гледаме лесен воздушест умбријски пејзаж со ритчиња и точкасто насликани дрва под висока планина.

Војвоткињата е облечена во црн gamurra фустан декориран со златни и сребрени правоаголници инспириран од хералдичките бои на фамилијата Монтефелтри.

Деколтето е обрабено со лента декорирана со златни букви во куфик стил, а околу вратот носи две златни ланчиња.

На челото има украс во форма на шкорпија кој носи драгоцен камен.

Понекогаш овој накит се толкувал како љубовен симбол, меѓутоа може да се однесува на шкорпија како хороскопски знак поврзан со плодноста,  што претставува амулет за среќа имајќи предвид дека Елизабета и нејзиниот сопруг неможеле да имаат деца (ова е причина зошто Елизабета толку нежно се грижела за Рафаело).

Префинетата техника на сликање, нагласениот контраст помеѓу темниот фустан и бледите тонови на кожата и заедно со макотрпното обрнување внимание на секој детал, не’ потсеќа на фламанските сликари, кои Рафаело имал прилика да ги види при неговиот престој во дворот на урбинскиот војвода, особено сликите на Јустус ван Гент и Педро Буругует.Кај него се чувствува желба портретот да го наслика поавтентичен и повозбудлив како би можел набљудувачот да го доживее вистинскиот израз на племенитиот поглед на Елизабета.

Портретот е изработен на нејзина триесет и три годишна возраст и е направен помеѓу 1504 -1505 г.

Оригиналното дело е изложено во Уфици, Фиренца.