Едукативна работилница со учениците од ООУ ,,Св.Кирил и Методиј”

Учениците од IV-1 одд. од ООУ ,,Св.Кирил и Методиј” денес беа учесници во едукативната работилница насловена ,,Рафаело во моите очи” одржана во рамки на изложбата ,,Raffaello: Opera Omnia”

Учесниците преку цртежи успеаа да го претстават животот и делото на ренесансниот уметник Рафаело, на секој за себе уникатен и креативен начин, онака како што ја доживеале приказната за овој великан на ренесансната уметност, раскажана од м-р Марија Рабаџиска.