Во чест на Интернационалниот ден на мајката

Во чест на Интернационалниот ден на мајката потсетуваме на уникатните теракотни рачно изработени фигурини од арх. лок. Бурилчево, Кочани.

Тие се претстава на жена од периодот на праисторијата, поточно од периодот на неолитот и на енеолитот од шестиот до средината на третиот милениум пред нашата ера. Колекцијата е збир на артефакти од музејските институции од Македонија. Сите фигурини се рачно изработени и уникатни, а биле претставувани и почитувани како идоли, заштитнички на домот, огништето и на куќата. Повеќето од нив се изведени со нагласени симболи на плодородието и на убавината. Украсени со разновиден накит и со фризури, упатуваат на еден сегмент од тогашниот секојдневен живот, грижата за убавината и допадливоста на жената што не е различно и од денешен аспект.

Во чест на Интернационалниот ден на мајката