Во тек е реализацијата на проектот „ Погранични студии. Истражувања на идентитетите и културните контакти во пограничната област на Античка Македонија“

  • Post category:Новости
  • Reading time:2 mins read

Проектот „ Погранични студии. Истражувања на идентитетите и културните контакти во пограничната област на Античка Македонија“ (Frontier Studies. Investigation into Identity and Cultural Contacts in the Border Area of Ancient Macedonia) кој претставува комплексно научно истражување кое годинава етапно ќе се спроведува на повеќе различни локации користејќи ралични пристапи и модерни истражувачки методи.

Проектот има за цел микро-регионална студија и опфаќа долг хронолошки период, со посебен акцент на 1-ви милениум п.н.е.. Во таа насока проектот ќе се обиде да даде одговор на прашањата во врска со изградбата на идентитетите, појавата на прото-државните структури и феномените на централизацијата во северната контакт зона на егејското и централно Балканското културно coiné. Притоа, ќе се спроведат неколку интердисциплинарни студии во временската рамка на проектот (2017-2022).

Оваа година во рамките на проектот се спроведуваат геолошки истражувања на Мало и Големо Езеро кои се наоѓаат во Националниот парк-Пелистер, со цел да се добие детален климатски и еколошки запис за широкиот регион во последните десет милениуми. Очекуваме земените геолошки примероци да обезбедат одличен запис со висока резолуција за промените во животната средина и човековите активности во широкиот регион во последните десет милениуми.

Археогеолошки истражувања  се спроведуваа и во регионот северно од Охридското езеро со цел да се утврди водостојот на езерото во различни хронолошки периоди и со тоа да се реконструира културниот пејсаж и да се види како климатските промени влијаеле на животот во регионот.

Се направија и геофизички неинвазивни истражувања на неколку локалитети со цел да се утврди карактерот на самите локалитети и евентуално да се откријат некои позначајни подземни архитектонски структури.

Спроведено беше и сондажно археолошко истражување на локалитетот „Горица“, с.Лескоец со цел да се утврди организацијата на населбите во регионот со посебен акцент на транзицискиот период од бронзенодопската во железнодопската епоха.

Во рамките на проектот се спроведува и архитектонско и епиграфско рекогносцирање со цел опсежно истражување и преглед на познати архитектонски остатоци (т.е. цркви, џамии итн.) во регионот.

Проектот е резултат на соработката на НУ Археолошки музеј на Р.Северна Македонија и Карловиот универзитет од Прага, Р.Чешка,  а раководители на проектот се м-р Перо Арџанлиев и д-р Марек Верчик.

Партнери во реализација на проектот се НУ Завод за заштита на спомениците од културата и Музеј од Охрид, Чешкиот Геолошки Сервис од Прага, Германскиот археолошки институт, Универзитетот Гете од Франкфурт, С.Р.Германија како и Универзитетот на Јужна Бохемија од Чешко Будејовице, Р.Чешка.

DCIM100MEDIADJI_0267.JPG

DCIM100MEDIADJI_0271.JPG