Археолошкиот музеј добитник на награда од Филозофскиот факултет

По повод 100 години од основањето на Филозофскиот факултет при Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” денес се одржа свеченост на која се доделуваа јубилејни награди на поединци, организации и институции.

Ни претставува особена чест и задоволство што Археолошкиот музеј е добитник на награда за долгогодишен и исклучителен придонес за развојот на наставата и науката на факултетот, која и’ беше врачена на в.д директорката, д-р Славица Бабамова.