Статуата на Асклепиј, наскоро дел од постојаната поставка на музејот

  • Post category:Новости
  • Reading time:2 mins read
Статуата на Асклепиј, богот на лекувањето, е најдена во 1953 година, во објектот Гимназион на археолошкиот локалитет Стибера во селото Чепигово, Прилепско.
Стоела поставена на мермерен постамент на кој пишувало: Статуа на спасителот Асклепиј подигна Флавија Лика во 209 година.
Откако помина низ процесот на конзервација, статуата наскоро ќе биде дел од постојаната музејска поставка на Археолошкиот музеј.
Во денешното видео за #MuseumMonday ви ги претставуваме сите фази низ кои поминува една статуа при конзервација и реставрација, за да се добие потребниот изглед.