Во Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија се одржа работна посета на делегација од Националниот музеј на Косово во Приштина, предводена од директорот, г. Ајет Лечи.
Се разговараше за идна соработка меѓу двете институции преку гостувачки изложби од обете страни, како и можност за организирање на заеднички изложби, размена на искуства во областа на музејската едукација, конзервација и реставрација.
На средбата, која се одржа во рамките на иницијативата за потпишување протокол/календар за соработка меѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија и Министерството за култура, млади и спорт на Република Косово, беа присутни и г. Афет Јашари како претставник на Министерството за култура на Република Северна Македонија и г. Ферат Мемети, директор на НУ Природонаучен музеј во Скопје.