Перуанска Амазонија

Патувачката изложба насловена “Перуанска Амазонија”се реализираше во соработка со Почесниот Конзулат на Перу во Македонија и на истата беа изложени 60тина фотографии од 18 автори.

Почесни гости на изложбата беа заменик амбасадорот на Перу во Романија, г-динот Карлос Бариос и Почесниот Конзул на Перу во нашата земја, г-дин Ненад Јаничевич, чија идеја доведе до реализација на изложувањето на оваа импресивна збирка пред македонската публика.

Изложените фотографии ја претставуваат културата на традиционалните амазонски народи, култура која е поинаква од онаа на западната цивилизација. Фотографиите сведочат за животот покрај реката Амазон кој е практично непроменет со векови поради хармоничниот однос на овие заедници со животната средина.

Целта на оваа збирка од 60-тина фотографии не е насочена само да го обиколи светот со цел да прикаже и воодушеви со исклучителната биолошка и културна разноврсност, туку и да не потсети на традиционалната мудрост на домородците која повикува кон заштита на ова богатство на човештвото.