Отворен ден за подводната археологија во Охридското-струшкиот регион – 21.06.2022 г

Отворен ден за подводната археологија во Охридското-струшкиот регион - 21.06.2022 г
По повод Денот на Охридското Езеро, НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија во рамките на проектот: „Подводни археолошки и интердисциплинарни истражувања на локалитетот Врбник-Струга“, финансиран од страна на Министерството за култура на Република Северна Македонија во соработка со Универзитетот од Берн и проектот ЕКСПЛО, организира отворен ден за подводната археологија во Охридското-струшкиот регион.
Настанот ќе се одржи во СКАУТ КАМП, на 21.06.2022 г. (вторник) со почеток од 13 часот. Присутните ќе имаат можност да се запознаат со методологијата на работа при подводни археолошки истражувања, ќе бидат презентирани резултатите од истражувањата кои се во тек, а ќе биде презентиран и дел од движниот археолошки материјал. Сите заинтересирани и љубопитни посетители претходно ќе имаат можност да го посетат локалитетот, благодарение на соработката со Едриличарскиот клуб „Струга“ кој на овој ден организира бесплатни тури кои започнуваат во 10 часот и се организираат на секој следен час. Тргнувањето е од пристаништето во Струга.