„Моќта на музеите” – работилница по повод Светскиот ден на музеите 2022 година

„Моќта на музеите” - работилница по повод Светскиот ден на музеите 2022 година

По повод Светскиот ден на музеите 2022 година, на тема ,,Моќта на музеите” во неолитскиото село Тумба Маџари @tumba_madzari се одржа работилница со учениците од гимназијата ,,Никола Карев”.

Истата беше насловена ,,Моќта на минатото” и учениците беа запознаени со животот и навиките на нашите предци и во рамки на истата тие имаат можност, својата креативност да ја изразат преку најразлични материјали.

Работилницата ја реализираа

  • м-р. Марија Димишковска,
  • м-р. Марија Рабаџиска и
  • Наталија Данаилова.