Изложба на фотографии „Златниот антички наод од с. Тремник, Неготино“ – 14.06.2022


На 13.06.2022 во Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија се отвори изложбата на фотографии „Златниот антички наод од с. Тремник, Неготино“ – гостување на Музејот на град Неготино, како дел од програмата на Министерството за култура.

Автор на изложбата е Драгица Чекоровска, а во реализацијата учествуваа Костадинка Филипова, Стојанчо Атанасов, Орданче Петров, Елена Рафајловска, Марија Видеска, Ивица Стојановиќ, Реџеп Бекировски и Марјан Миланоски.