
Работно време
Музејот работи секој ден од вторник до недела од 10 до 18 часот.
Музејот не работи во понеделник и за државни празници.
Последниот билет може да се купи најдоцна до 17:15 часот.
Неработни денови (државни празници) во 2017 година:
- 01 јануари (недела), Нова Година, односно 2 јануари (понеделник) е неработен ден
- 07 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
- 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
- 01 мај (понеделник), Ден на трудот
- 24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
- 25 јуни (недела), првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 26 јуни (понеделник) е неработен ден
- 02 август (среда), Ден на Републиката
- 8 септември (петок), Ден на независноста
- 11 октомври (среда), Ден на народното востание
- 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба
- 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”