Денес во Археолошкиот музеј се одржа прес-конференција и промоција на ексклузивниот каталог за изложбата “100 години Требениште”

По две години интензивни преговори и подготовки за одбележувањето на 100 годишнината од откривањето на некрополата на локалитетот Требениште, ни претставува особена чест и задоволство да објавиме дека оваа изложба која е од особено значење во археологијата, не само во Македонија, туку и на Балканот, а и пошироко ќе биде отворена за посетителите од март до август оваа година.

Каталогот кој е плод на посветената работа на еминентните археолози од Македонија, Србија и Бугарија и е специјално изготвен за оваа изложба е ќе биде пуштен во продажба во Археолошкиот музеј веднаш по отворањето на изложбата.
Поради интересот од европската јавност за претставување на оваа изложба во Париз, Берлин, Виена и Загреб, ексклузивниот каталог е на англиски јазик со текстови од 26 автори.

На денешниот настан говореа директорот на Археолошкиот музеј, Горан Санев, директорот на Националниот археолошки институт и музеј при Бугарската академија на науки во Софија , Христо Попов,
авторите, Крсто Чукалев од НАИМ при БАН, Вера Крстич од Народниот музеј во Белград , Перо Арџанлиев од АММ и редакторите Александра Папазовска од АММ и Татјана Цветичанин од НМБ.