Теракотна фигурина мајка со дете

1,650.00 ден

Опис

Женската фигура е облечена во хитон и завиткана во долг химатион. Главата е покриена со специфично врзана марама позади главата. Карактеристично за оваа теракота е самата претстава на жена, која во своите раце држи (или дои) дете. Оваа теракота може да се каже дека претставува архиетип на оваа подоцнежно многу експлоатирана претстава. Детето е завиткано во химатионот и со главата е положено на левото рамо на женската фигура. Детето е завиткано во химатионот и со главата е положено на левото рамо на женската фигура.

Хронолошки теракотата на мајка со дете датира од III – II век. пр.н.е.

Теракотата е откриена на југозападна некропола при археолошките истражувања на капиталниот проект Некрополите на  Исар Марвинци.