Шаралка за обредни лебови

700.00 ден

Description

Поскурникот е рачно изработен од ореово дрво, во декоративна техника, овчарска резба. Мотивите се формирани со засекување со нож и рамно длето. Се користел при подготвување на обредни лебови. Подготвувањето и шарањето на обредните лебови претставува имитативно магиски процес, чија цел е да се обезбеди заштита, живот, здравје, плодност и благосостојба. Традиционалниот човек на лебот му припишувал исклучителна моќ, возвишеност и светост. Тој претставува симбол на благосостојба и живот, поради што е изграден посебен однос кон него. Оттаму со подготвувањето на посебно обликувани и декорирани обредни лебови таквата сила и моќ се зголемува.

XX век.

С.Лазарополе, Гостивар