Лекит (Божицата Афродита)

470.00 ден

Опис

Лекитот е керамичко садче во кое се чувало миризливо масло и бил еден од омилените форми на садови во антика. Главен центар на производството била Атина, од каде лекитите масовно се извезувале низ целиот антички свет. Тоа го прави еден од најчесто присутните наоди при археолошките истражувања. Задржувајќи ја функцијата, лекитите биле со различна големина но и форма. Така кон крајот на V и почетокот на IV век.пр.н.е., зачестува продукцијата на лекити, релјефно обработени, со зооморфни или антропоморфни претстави. Антропоморфен лекит со претстава на девојка (божицата Афродита) е пронајден во Демир Капија, на локалитетот Манастир во 1951 год.