Лебес

1,500.00 ден

Опис

Керамичен сад – лебес , составен од два дела на рецепиент и капак. Лебесот има две кружни хоризонтални рачки кои надвисуваат устието, кое е благо извлечено нанадвор и конусно тело кое завршува на широка прстенеста нога. Капакот го затвора устието и на врвот има рачка за отворање на садот. Лебесот е декориран на стомакот со мотив на гирланди во техника на “west slope” и врежување.

Хронолошки , лебесот датира од III – II век.пр.н.е.

Лебесот е откриен на југозападната некропола при археолошкиот музеј на капиталниот проект Некрополите на Исар Марвинци