Игла – Пелопонески тип
1,350.00 ден
Опис
Овој тип игли се користел за прицврстување на облеката и претставувал дел од носијата на тогашното население. Иглата е составена од два дела, глава која е поделена на повеќе сегменти, со широк плочест кружен врв и три помали задебелувања под него. Потоа иглата – пелопонески тип продолжува во вториот сегмент кој ја претставува самата игла која служела за закопчување. Изработена е од бронза во техника на лиење.
Хронолошки, иглите – пелопонески тип датираат во VI век.пр.н.е.
Иглите пелопонески тип се откриени на праисториската некропола Лисичин Дол, при археолошките истражувања на капиталниот проект Некрополите на Исар Марвинци.