Декорирана женска фигурина

570.00 ден

Опис

Претстава на женска фигурина, теракота на која и недостасува горната половина. Пронајдена е при археолошките ископувања на енеолитската населба Пилаво кај село Бурилчево, близу Кочани. Сочуваната долна половина е украсена со ритмички шари, врежани концентрични кругови, точки, брановидни и аглести линии. Интересно е што на овој локалитет се откриени неколку вакви претстави кои наликуваат едни на други што не’ наведува на претпоставка дека тогашните жени по повод одреден ритуал се украсувале на овој начин, а тоа е пренесено и на теракотните фигурини.

Енеолит – 3.000 год. пр.н.е.

Пилово, с.Бурилчево,Кочанско