Амфорискос

1,050.00 ден

Description

Мат сликан Амфорискос, откриен на локалитетот Димов гроб, с. Уланци кај Градско. Мат сликаната керамика претставува новина и едно од главните обележја на доцното бронзено време на еден поширок простор на југот на балканскиот полуостров. Мат сликаната керамика покрај новиот начин на изработка со употреба на квалитетна глина и декорација со избор на нови декоративни мотиви, карактеристична е и со појавата на нови керамички форми кои претставуваат локални копии на доцнохеладската керамопродукција.

Хронолошки датира од XII век. пр.н.е