Амфора со мат сликана декорација

2,500.00 ден

Description

Амфората е омилена форма на сад во кој било чувано вино, а подоцна во класичен период и транспортирано. Тоа е и неговата примарна употреба, но многу често овие садови поради погодната форма биле и секундарно употребувани како садови во кои ги положувале остатоците од спалените покојници. Насликан со темно кафена мат боја, со геометриски мотиви. Но во овој случај садот по употребата бил ставен како гробен прилог на покојникот.

Според начинот на сликањето и формата садот бил во употреба во VIII – VII век. пр.н.е.

Локалитет Бели камења, с.Живојно, Битола