д-р СЛАВИЦА БАБАМОВА
Родена е во Скопје и е доктор по историски науки (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Институт за национална историја).
Од 2003 до 2013 работела како кустос и виш кустос за епиграфика и камена пластика во НУ Музеј на Македонија – Скопје, а од 2013 во НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија – Скопје, каде од 2014 работи како кустос советник за епиграфика и камена пластика.
Раководела и учествувала во епиграфски и археолошки теренски истражувања во Тиквешкиот и Брегалничкиот регион; Големо Градиште, Коњух – Кратово; Стоби; Исар-Марвинци; Термалното лекувалиште од римскиот период во Банско, Струмица и Скопско Кале. Раководела и учествувала во неколку проекти за конзерваторски истражувања и непосредна заштита на музејски предмети од камен.
Научно-истражувачкиот интерес го врзува примарно за хеленска и латинска епиграфика, потоа античката историја на Македонија, римските провинции, просопографијата на античка Македонија и античката ономастика. Учествувала на многубројни конференции и студиски престои во земјата и странство.
Автор е на десетини научни статии и на две монографски изданија: „Епиграфски споменици од Република Македонија датирани според македонската провинциска ера”, Институт за национална историја, Скопје, 2005 и “Inscriptiones Stoborum”, Студии за старините на Стоби, Серија монографии, книга I, НУ Стоби, 2012.
Претседател на УО:
- Ленче Јованова
Членови на УО:
- Д-р Марина Ончевска Тодоровска
- Мила Шурбаноска
- Ирена Колиштрковска Настева
Лице за контакт за посредување со информации од јавен карактер:
Наташа Скендерска
Советник за меѓународна соработка
e-mail: nskenderska@amm.org.mk