Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија презентира движно културно наследство, поточно околу 7.000 археолошки предмети откривани со археолошки истражувања на целата територија на државата уште од 1924 година, а со тоа овој музеј претставува најзначајна и најстара музејска установа во Македонија.
- Посетителите може да уживаат во артефактите изложени во одделите за: праисториска археологија, античка археологија, средовековна археологија, нумизматика, антропологија и лапидариум.
- Голем број од предметите кои се дел од оваа институција се ексклузивни во светски размери. Постоечките закони за култура и заштита на културно наследство го регистрираат најголемиот дел на овој фонд како културно наследство од особено значење.
- Во 2015 год. Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија се пласираше меѓу 15 те најдобри музеи во Европа, освојувајќи го високото седмо место според Европската музејска академија.
- Првата археолошка збирка е формирана во 1920 год. во рамките на Филозофскиот факултет во Скопје.
- Во 1924 год. е организирана музејска институција, поточно, историско – археолошки музеј со лапидариум кој е сместен во Куршумли ан.
- Во текот на Втората светска војна музејската институција, во Куршумли ан музејската институција егзистира како Народен музеј – Скопје.
- Во овој период, поточно во 1945 год. функционира со три одделенија: археолошко, етнографско и средновековно.
- Со реорганизација на музеите во ФНР Југославија, од Народниот музеј во Скопје се формира и Археолошкиот музеј како посебна институција од републички карактер.
- Од 1945 – 1963 год. седиште на Археолошки музеј е старата зграда од касарната на Скопско Кале.
- Во 1955 год. е отворена постојаната поставка на камени споменици – лапидариум, сместена во адаптирана коњушница на Куршумли ан.
- Од 1963 – 1977 год. веднаш по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 год. Археолошкиот музеј е сместен во бараките на Куршумли ан. Во 1976 год. е пуштен во употреба новиот музејски комплекс во кој Археолошкиот музеј е сместен се’ до 2014 год.
- Во 2012 год. е основан нов правен субјект, НУ Археолошки музеј на Македонија – Скопје, како нова матична установа од областа на археологијата.
- После повеќе од три децении во 2014 год. Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија добива современ музејски простор во центарот на Скопје.