Гробот на Пајонската Свештеничка

Летото 1997 година, при археолошките истражувања на некрополата од железно време на локалитетот Лисичин Дол во близина на селото Марвинци, беше откриено исклучително погребување во гробот број 15. Во гробот – правоаголна јама, било инхумирано женско лице на возраст околу 35 години, со богат инвентар на бронзени артефакти. Тука за прв пат беа откриени култни […]

Жените во минатото како дел од антрополошката поставка

Физичкиот изглед на човекот, творецот и корисникот на предметите изложени во Археолошкиот музеј е тема на првата интердисциплинарна поставка со која се среќава посетителот во просторот на музејот.            Антрополошката поставка претставува документарна реконструкција на физичкиот изглед на човекот во минатото, преку неговите скелетни остатоци. Во реконструкцијата која е резултат на соработката помеѓу научни и ликовни […]

Диатрета – стаклена чаша

Доцноантичкиот период го означува преодот од класичната антика кон среден век. Во овој период Римската Империја доживува ослабнување на економијата и дестабилизација на државата поради постојаните напади од варварските племиња и честите промени на воените императори. Зајакнувањето на државниот апарат во Царството и провинцијата Македонија настанува со доаѓањето на власт на Диоклецијан. Источните провинции добиваат […]

Праисториски дами

Почнувајќи од овој месец Археолошкиот музеј еднаш месечно ќе Ви презентира по еден од многуте предмети кои се дел од постојаната поставка. За предмет на месец јуни ги избравме праисториските дами. Станува збор за теракотни женски фигурини декорирани со врежани линии – тетоважи. Тетоважите вклучуваат концентрични кругови, коси паралелни линии,  двојно јајце и останати симболи […]