Митот за Купид (Ерос) и Психа

Митот за Купид и Психа е веројатно најдобрата љубовна приказна сочувана од античката митологија до денес. Долга и возбудлива приказна за животот на преубавата Психа и нејзината неизмерна љубов кон богот на љубовта, Купид. Приказна со многу заплети и драми, но приказна за љубов која не можат да ја спречат ниту боговите. Таа сепак има […]

Висулец од морски полжави

Ексклузивен археолошки предмет од бронзеното време, претставува композитниот висулец од морски полжави и стаклени мониста, откриен на некрополата од 13 – 12 век пред.н.е., на локалитетот Димов гроб кај село Уланци. Висулецот е составен од тринаесет морски полжави – Каури од видот Lаuria, кои се издвоени во парови и наредени по големина. Паровите од морски […]

Модата во Неолитот

МОДНИ ТЕНДЕНЦИИ ВО МЛАДОТО КАМЕНО ВРЕМЕ – НЕОЛИТ ФРИЗУРИ Археолошките предмети со антропоморфни претстави засега се единствените податоци за изгледот на косата кај неолитскиот човек. Фризурата не е само моден детал на нејзиниот носител, таа го означува и неговиот социјален статус, односно е посредник во комуникацијата со заедницата. Керамичките предмети – антропоморфни жртвеници, од типот […]

Библиотека на Археолошкиот музеј

Во Археолошкиот музеј се наоѓа најстарата и најголемата специјализирана археолошка библиотека во државата. Фондот на библиотеката брои преку 6.000 книги (со преку 20.000 стручни и научни трудови од домашни и странски автори). Меѓу бројните книги се и многу ретки изданија, објавувани од почетокот на 20 ти век, а најстарото од нив потекнува од 1881 година. […]

Василиј II (976 – 1025)

Василиј II претставува еден од најенергичните византиски владетели, што успеале да ја вратат славата и моќта на Византиската империја. Тој е познат по неговите освојувања кои ги опфатиле војните со Фатимидите, Хазарите како и војната со Цар Самоил. Во нашите историски анали е запаметен како свирепиот император кој победил на битката на Беласица и по […]

Три држави , еден тим – “100 години Требениште”

Тема на месец март – Три држави , еден тим – “100 години Требениште” Месец март го посветуваме на тимот кој придонесе за успешна реализација на изложбата “100 години Требениште”. На овој комплексен проект работеа експерти од повеќе области кои несебично го вложија своето знаење, труд и време што резултираше со светски производ кој веднаш […]

Монографијата – 100 Years of Trebenishte

По повод 100 годишнината од првото откритие на еден од најзначајните локалитети на Балканот – Требениште во 1918 година, Археолошкиот музеј на Македонија е во подготовка на ексклузивна изложба која ќе биде отворена за посетителите од март до август 2019 година. За историјатот на локалитетот и истражувањата, за карактерот на наодите, како и за релациите […]

Бокал – Изник

Ја започуваме новата година со еден посебен предмет, толку редок што во светот постојат само 3  примероци од истиот. Станува збор за бокал од типот Изник, еден од најрепрезентативните примероци на Турско Османлиската луксузна керамика. Садот е изработен од каолин глина и има мошне тенки ѕидови, чија дебелина изнесува 4 милиметри.  Како облик, изникот претставува […]

Тетовската Менада

Менадата  датира од 500 – 470 год. пр.н.е. и е пронајдена во далечната 1933 год. во Тетово каде на ул. Штипска во близина на Балезовата чешма е пронајден археолошки локалитет. Таа претставува придружничка и следбеничка на богот на виното Дионис.

Големата Мајка

Теракотата е најдена во една куќа на неолитската населба Тумба Маџари , Скопје во 1981 год, а првите претстави се од 6.500 до 3.500 год.пр.н.е. Основниот филозофски концепт е да се покаже Мајката како извор на животот и заштитничка на семејството и куќата. Ликот на Мајката е првиот лик што човекот го гледа по раѓањето. […]