Василиј II претставува еден од најенергичните византиски владетели, што успеале да ја вратат славата и моќта на Византиската империја. Тој е познат по неговите освојувања кои ги опфатиле војните со Фатимидите, Хазарите како и војната со Цар Самоил.

Во нашите историски анали е запаметен како свирепиот император кој победил на битката на Беласица и по која како казна ослепен 15.000 луѓе од војската на Самоил.