Во збирката од османлискиот период  во Археолошкиот музеј, е изложен артефактот оловно капаче кој претставува дел од  касета и е познат под името  teriaka или teriak.

Предметот потекнува од Венеција и е датиран помеѓу 16 и 17 век. Во самата касета се чувал противотров наменет за лекување на разни болести како чума,каснување од змија, разни болки и слично. Противотровот или еликсирот бил правен од разни тревки, на кои им требало да созреат и по неколку години затоа неговата вредност била доста голема и истиот бил достапен само за богатите. Венеција имала монопол врз за негово производство и трговија се’ до крајот на 17 век .