Уникатна теракотна играчка за деца од римскиот период. Налик денешните играчки-автомобили, децата од антиката си играле со вакви колички кои во нашиот пример се два коњаника, кои јаваат еден покрај друг. Коњаниците на себе носат кожна наметка вообичаена за римскиот период која ги штитела патниците од лошите временски услови. Двата коњаника меѓусебно се споени преку две реконструирани дрвени оски на кои се поставени четири тркалца кои биле декорирани со шпици кои ги имитирале тогашните дрвени тркала од дрвените кочии. Коњаниците биле возени со влечењето на јажето поставено на предниот дел на играчката, односно во устите на коњите, налик кај вистинските коњи.

Римски период, II-III век.

пронајдена на лок. Исар, с.Марвинци, Валандово