Теракотата е најдена во една куќа на неолитската населба Тумба Маџари , Скопје во 1981 год, а првите претстави се од 6.500 до 3.500 год.пр.н.е.

Основниот филозофски концепт е да се покаже Мајката како извор на животот и заштитничка на семејството и куќата. Ликот на Мајката е првиот лик што човекот го гледа по раѓањето. Улогата и местото на мајката во животот е извонредно значајна. Затоа во текот на човековата еволуција таа е централниот култ. Во уметноста таа е најпретставувана во целиот период на праисторијата.

Идејата за “Големата Мајка” ликовно е реализирана и претставена преку еден цилиндер со лик што излегува од еден правоаголен постамент – куќа. Со широко отворените раце го држи покривот и истовремено како да излегува од него. Ликот понекогаш е шематизиран, очите се нагласени, фризурата е модерна за тоа време, со мали гради и раце украсени со пластични белезици.

Најстарите уметнички претстави на оваа филозофска идеа се познати како Венера од Вилендорф од Австрија и Венера од Вестогиње, Чешка. Во Македонија “Големата Мајка” е најпочитуван култ во периодот на Неолитот.