Тема на месец март – Три држави , еден тим – “100 години Требениште”

Месец март го посветуваме на тимот кој придонесе за успешна реализација на изложбата “100 години Требениште”.

На овој комплексен проект работеа експерти од повеќе области кои несебично го вложија своето знаење, труд и време што резултираше со светски производ кој веднаш го привлече вниманието на пошироката јавност.

Тимот составен од претставниците од трите земји го оствари сонот на многу генерации и направи историски и значаен чекор со кој се надминаа разликите и фокусот се стави кон нештата што обединуваат.

Оваа изложба е круна на пријателство на три држави чии севкупни резултати се важни за претставување на заедничкото културно богатство и за промовирање на културната соработка на земјите од Западен Балкан.

Членови на стручниот тим:

Директори на институциите: Горан Санев , Христо Попов, Људмил Вагалински – поранешен директор на НАИМ при БАН во Софија, Бојана Борич Брешкович и Елеонора Новакоска

Автори на изложбата: Перо Арџанлиев, Крсто Чукалев и Вера Крстич

Редактори: Александра Папазовска, Татјана Цветичанин и Маргарит Дамјанов

Останати членови на стручниот тим: Јован Ивановски, Паско Кузман, Радомир Ивановиќ, Илија Бошковски, Ива Лабан, Марина Спирова, Даниела К.Богоевска, Бисера Крцковска, Зоран Ристиќ, Славица Бабамова, Никола Хаџи Николов, Ана Ивановска – Дескова, Александра Чевреска, Емилија Митева, Роберт Петковски, Александар Шарковски, Горјан Шурбановски, Иво Стојановиќ, Перица Трајковски, Маријан Миланоски, Анатоли Арнаудовски, Климент Балев, Билјана Балева, Татјана Стојоска Видовска, Бојан Танески, Чавдар Чомаков, Красимир Георгиев, Пламен Георгиев, Петја Андреева, Петја Пенкова, Слава Василева, Станимира Танева, Јана Димитрова, Милан Чолович, Вељко Илич, Мирослав Петелин, Жељка Темерински, Снежана Топич, Слободан Трипкович.

Голема благодарност и до главниот покровител на овој настан, Владата на РСМ, како и до спонзорите и поддржувачите, Министерство за култура на РСМ, винарија Стоби, Општина Центар, Уни банка, Книгоприма консалтинг и Маратон груп.