Приврзок „Лира“ – изложен на тековната изложба “Статусни симболи кај пајонските заедници”

 

Бронзен приврзок во форма на стилизиран музички инструмент – лира, изработен во бронза, во техника на “истечен восок” (cire perdue). Предмет кој е единствен од овој тип, кој како форма досега не е познат помеѓу култните бронзи од железнодопските некрополи во Долно Повардарје и централниот Балкан.

Во митологијата, пронаоѓањето на лирата му се припишува на Хермес, која истиот подоцна ја отстапил на Аполон, кој меѓу останатите атрибути, бил препознаен и како Бог на музиката. Појавата на лирата во функција на древен музички инструмент во инвентарот на егејските цивилизации, се припишува на месопотамиската провениенција. Нејзиниот асиметричен тип, за прв пат е регистриран ок. 3000 год. пр.н.е., меѓу уметничките творби на некрополата Ур во Сумер. Симетричниот тип на лирата (основа на формата на приврзокот), кој влече корени од Азија, прв пат, како податок се споменува во египетските папируси од 1300 год. пр.н.е. Во древна Грција, појавата на лирата, позната и под името phorminx (φόρμιγξ), се споменува во Хомеровата Илијада, како инструмент на Аполон. Во моментите кога тој ги забавувал боговите, симболички била третирана и како “Аполонова страна на грчката душа и живот”.

Надвор од грчкиот свет, присуството на лирата јасно се врзува за Фригија, каде се откриени примероци на оклопи на желки, технички уредени за функцијата на музички инструмент – лира.

Почитувањето на Сонцето како извор на животот, бил преточен во еден од најстарите култови (соларен), раширен на балканскиот, европскиот и медитеранскиот простор уште во бронзеното време. Токму тој, преку атрибуцијата на лирата на богот Аполон во улога на чувар на музиката, ќе се доближи до обичајот за почитување на Сонцето кај пајонските заедници. Тезата дека ширењето на култот, преку Египет и Анадолија и неговата дисперзија преку Крит и Микена стигнала до пајонскиот ареал.

Во позадина на ритуалните “музички инструменти”, тропалки-прапорци од гроб 111 и моделот на лира од гроб 125, темите поврзани со археомузикологијата кај култури без писмо/слика, каква што е пајонската, имаат референтна улога во процесот на сукцесивното запознавање со нивните општествени вредности.