Митот за Купид и Психа е веројатно најдобрата љубовна приказна сочувана од античката митологија до денес. Долга и возбудлива приказна за животот на преубавата Психа и нејзината неизмерна љубов кон богот на љубовта, Купид. Приказна со многу заплети и драми, но приказна за љубов која не можат да ја спречат ниту боговите. Таа сепак има среќен крај и порака дека вистинската љубов може да ги надмине сите граници, па дури и онаа меѓу луѓето и боговите. Нашата претставата го симболизира првиот бакнеж на Купид и Психа, односно почетокот на нивната бесмртна љубов.

Иако оваа претстава е стара повеќе од 21 век, таа сепак ќе стане инспирација за бројни ренесансни и модерни уметници кои со нивните нови дела оваа претстава ќе ја сочуваат до денес како најпопуларниот приказ за вистинската љубов по која сите копнеат.

Римски период, I век.
Теракотната фигурина е пронајдена на лок. Стоби, Градско.