Вистинско ремек дело од римскиот период.  Бронзена биста на Силен, античкиот „заштитник“ на радоста, веселбите, танцот и лирата, но пред сè на виното и пијанството. Прикажан како буцкаст пијан старец со широко отворени очи, подигнати дебели веѓи и широк нос кој на главата носи венец од бршлен и грозја. Има масивна долга увртена брада, бркови и коса која скоро целосно ги покрива неговите шилести уши. Прикажувајќи ја неговата дива, развратна и самобендисана природа, неговото тело е голо и само делумно покриено со парче кожа кое е префрлено и немарно врзано само преку левото раме. Неговиот поглед е свртен надесно,  незаинтересирано настрана од погледот на денешниот посетител оставајќи го да ја впие неговата целокупна претстава како резултат на врвна фантазија на луѓето од античкиот свет.

Римски период, II-III век.

Пронајдена на лок. Исар, с.Марвинци, Валандово