Манифестација „Европски денови на културно наследство – 2015“

Од 22.09.2015 до 01.10.2015 НУ Археолошки музеј на Македонија се приклучува на европската манифестација – „Европски денови на културното наследство“, основана уште во септември 1991 година, на иницијатива на Советот на Европа и со поддршка од страна на Европската Унија.Целта на манифестацијата е подигнување на свеста кај пошироката јавност за заедничкото европско наследство.Темата на овогодинешното […]

ПРЕДАВАЊЕ од д-р Роберт Михајловски

На 15.09.2015  НУ Археолошки музеј е домаќин на одбележувањето на 35 години од основањето на Институтот за Старословенска Култура -Прилеп. По тој повод се одржа предавање од археологот д-р Роберт Михајловски- професор од Мелбурн, на темата „Византиските печати од Скопско Кале“.

Micheletti Award 2016

Европската музејска академија го отвори конкурсот за учество на Micheletti Award 2016. Манифестацијата ќе се одржи на Грчкиот остров Лезбос во Museum of of the Olive Oil Production, организиран од страна на Piraeus Bank Cultural Foundation кон крајот на пролетта 2016 година. Рокот за аплицирање на манифестацијата е заклучно со 15ти Септември 2015. Формуларите за аплицирање […]

Предавања од Francesco Antonio Cellamare – Gruppo RASNA (Италија)

НУ Археолошки музеј на Македонија на 27.07.2015 год. во соработка со Конзерваторски Центар – Скопје, организира предавање на тема „Експериментална археологија – реконструкција и производство“ од страна на Francesco Antonio Cellamare – Gruppo RASNA (Italy). Настанот го отворија директорката на Археолошки Музеј на Македонија, Весела Честоева и Ема Петрова –директор на Конзерваторски Центар Скопје. Темата […]

Започнува учеството (на музејот) во владиниот проект „Археолошки катастар на Р. Македонија“

РЕКОГНОСЦИРАЊЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ПАЈОНСКИ ГРАД БИЛАЗОРА Стручниот тим на Археолошкиот музеј на Македонија (директор Весела Честоева) предводен од м-р Владимир Атанасов во рамките на редовните теренски активности изврши рекогносцирање на дел од земјениот насип исфрлен од неколку сектори во текот на 2010 и 2011 година. Откриени се монети и дел од сребрена белегзија. Сребрен хемиобол […]

Изложување на дамскиот накит во КИЦ – Софија

Во Културно-Информативниот Центар на Република Македонија во Софија на  29 Мај 2015  е поставена  изложба со наслов „Накитот од Македонија низ вековите“ на Археолошкиот музеј на Македонија. Проектот е реализиран со поддршка на Министерството за култура и е централен настан меѓу повеќето активности со кои КИЦ на РМ во бугарската престолнина годинава одбележува 10 години […]

Бреша, Италија – Пласман според Е.М.А. „Археолошкиот музеј меѓу 15те најдобри во Европа“

Делегација од НУ Археолошкиот музеј на Македонија отпатува  на јубилејното 20 годишно доделување на Европската Музејска Академија (Е.М.А.) – „LUIGI MICHELETTI AWARD “, кое се одржа од 07 до 09 мај во Бреша , Италија . Оваа година според  жири комисијата Археолошкиот влезе меѓу 15 најдобри музеи од Европа, а како единствен од балканските земји […]

Предавање од Д-р Роберто Нарди

Во Aрхеолошки Музеј на Македонија свое предавање на тема: „Конзервација на мозаиците од римскиот град Зеугма во Турција“ одржа д-р Роберто Нарди – директор на Центарот за Археолошка конзервација од Рим, Италија (Centro di Conservazione Archeologica – CCA) и претсeдател на Меѓународниот Комитет за конзервација на Мозаици (International Committeе for conservation of Mosaics – ICCM). […]

Предавање од Проф. Ендру Вилсон (Оксфорд) и промоција на списанието „Патримониум.МК“

Како дел од меморандумот за соработка помеѓу НУ Археолошки музеј на Македонија и фондацијата „Кирил Трајковски “, а во рамки на имплементацијата на активностите предвидени со програмата, во НУ Археолошкиот музеј на Македонија  се одржа предавање на тема: „Најновите методи и технологии кои се користат во систематските археолошки ископувања, презервација и конзервација. Предавањето беше одржано […]

Одбележување на меѓународниот ден на туристички водичи

НУ Археолошкиот Mузеј на Македонија и Здружението на туристички водичи и придружници на Македонија,  „Меѓународен ден на туристичките водичи – 21 Февруари“ оваа година заедно го одбележаа преку организиран настан од едукативен, промотивен и информативен карактер. Со почеток во 11 часот, во просториите на Археолошки музеј свечено беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу НУ Археолошки […]