Micheletti Award 2016

Европската музејска академија го отвори конкурсот за учество на Micheletti Award 2016. Манифестацијата ќе се одржи на Грчкиот остров Лезбос во Museum of of the Olive Oil Production, организиран од страна на Piraeus Bank Cultural Foundation кон крајот на пролетта 2016 година.

Рокот за аплицирање на манифестацијата е заклучно со 15ти Септември 2015.

Формуларите за аплицирање може да се превземат од официјалната веб страна на EMA:

www.europeanmuseumacademy.eu

како и од веб страната на Micheletti Award:

www.luigimichelettiaward.eu

Промотивното видео можете да го погледнете на следниот линк:

Micheletti Award

Археолошкиот Музеј на Македонија учествуваше на овој престижен настан во 2015 година кој се одржа во Бреша, Италија каде влезе помеѓу 15те најдобри музеи во Европа.