Ден на археологијата 28.07.2017

По повод одбележување на светскиот ден на археологијата (Day of Archaeology 2017), во просториите на НУ Археолошки Музеј на Македонија, на 28 Јули се одржа настанот организиран од Институтот за Археолошки Истражувања – Скопје. Со почеток во 12 часот, после воведниот говор на директорот на музејот м-р Горан Санев, како и претседателот на институтот – Радомир Ивановиќ, беа одржани серија предавања од различни теми од археологијата, презентација на аеро снимки од неколку археолошки локалитети, фотографии од изминатите изданиjа на изложбата “Archaeology in Progress”, размена на идеи и искуства како и мал коктел.
„Денот на Археологијата“ е годишен настан, кој последниве 7 години се празнува низ целиот свет. Проектот треба да обезбеди прозорец во секојдневниот живот на археолозите. Целта е што повеќе археолози кои работат, студираат или волонтираат било каде во светот, да учествуваат во одбележувањето на “Денот на Археологијата” и со скромен придонес снимајќи го нивниот ден или преку споделување текстови, слики или видеа, да го покажат широкиот спектар на работа што луѓето од оваа професија го прават ден за ден низ целиот свет.
Mанифестација е финансирана од Националната програма за култура за 2017 година, на Министерството за Култура, а е поддржана од НУ Археолошки Музеј на Македонија.