Јапонско традиционално плетење со конец- Кумихимо


Предавање за Јапонско традиционално плетење со конец- Кумихимо

Амбасадата на Јапонија во соработка со г-а Хоко Токоро организира предавање за Кумихимо – Јапонско традиционало плетење со свилен конец.

Предавањето ќе се одржи во Археолошки Музеј на Македонија на 21.05.2018 (понеделник) со почеток во 18.00 часот и е бесплатно.

Бидејќи местата се ограничени, ве молиме да го најавите/потврдите вашето присуство на следниов е-маил: irena.kjupev@sk.mofa.go.jp

Покрај предавањето ќе бидат одржани и следниве работилници:

Кумихимо – плетење со свилен конец 22.05.2018 – 12:00-13.30 Сули Ан

Кусакизоме – боење со природни бои 23.05.2018 – 12.00-13-30 Сули Ан

За дополнителни информации во врска со предавањето и работилниците ве молиме обратете се на irena.kjupev@sk.mofa.go.jp или +389-(0)2-3118-063

Дополнителни информации:

Г-а Хоко Токоро е искусен уметник за техника на прородно боење наречена кусакизоме и јапонската традиционална уметност на плетење наречена кумихимо. Израсната е во семејство чија специјалност била боење со природни материјали. Во 1968 отворила свое ателје „МИНО Кусакизоме” во префекрурата Гифу, но работи и како предавач и инструктор за кумихимо во разни делови на Јапонија.

Скоро 45 години таа предава кумихимо и кусакизоме како дел од јапонската традиционална култура не само во Јапонија, туку и во повеќе од 20 земји низ светот. За тоа време таа подучила околу 30.000 луѓе од сите возрасти и потекла и направила значителен придонес во културната размена меѓу Јапонија и светот. Г-а Токоро, исто така, покажува силен општествен ангажман во нејзината работа. Се запишала во волонтерски активности за децата кои страдале од последиците од големиот земјотрес во Измир во Турција и од несреќата во Чернобил, а во последниве години таа одржува курсеви за бегалци во Германија. Покрај тоа, госпоѓа Токоро предава кумихимо на деца со посебни потреби кое им помага како терапевтска активност. Ритмичното движење на телото додека седи пред сталакот им помага на децата да се смират и релаксираат. Во исто време, задоволството од правење на свилени плетенки негува самодоверба кај младите практичари.

Повеќе од 40 години, г-а Токоро одржува годишни курсеви во Германија, каде што ги направи своите први демонстрации и предавања за кумихимо во Музејот на Источно Азијска уметност во Келн во 1980 година. Од 1989 година, г-а Токоро одржува и годишни кумихимо работилници во Културниот Центар на Јапонската Амбасада во Виена и од 2002 година секоја година ја посетува Македонија за да одржи работилници за кумихимо и кусакизоме во Скопје.

За нејзините постојани напори за промовирање на традиционалните јапонски занаети има добиено бројни награди.