ЧАС НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

Деветта година по ред, Македонија се вклучува во одбележувањето на најголемата светска еколошка акција Часот на планетата Земја, кога во 20:30 часот по локално време, во период од еден час се исклучува осветлувањето во над 180 земји и 7000 града ширум светот.

Како што акцијата патува низ часовните зони, милиони објекти ширум светот преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час ќе испратат порака за спас на планетата Земја, заеднички да ги промениме климатските промени, но и да се освестат луѓето за проблемот поврзан со намалување на биодиверзитетот под мотото – „Поврзи се со планетата“ односно #Connect2Earth.

Како и секоја година, НУ Археолошки музеј и сега се приклучи на акцијата и беше без осветлување еден час.