Свечено отворање на библиотеката на фондацијата „Кирил Трајковски “во Археолошки музеј

На 31 март , во просториите на НУ Археолошки музеј на Македонија, свечено е отворена библиотеката на фондацијата „Кирил Трајковски“.

Самата фондација „Кирил Трајковски“ е регистрирана во 2012 година и веќе активно делува на територијата на Македонија во областа на  археологијата, образованието, истражувањето и културното богатство.

ФКТ е иницијатор и спонзор на бројни активности како што се: редовна размена на професорски предавања меѓу Универзитетот во Oxford, Edinghborou, South Hampton од една страна и Универзитетот Св. Кирил и Методиј од друга страна; постдипломски стипендии, организатор на археолошка изложба, конференции, како и иницијатор за отпочнување со теренски археолошки истражувања со тим од Велика Британија. Еднаш годишно фондацијата организира и меѓународна археолошка конференција.

Во рамки на соработката со НУ Археолошки музеј на Македонија, фондацијата доби простор во кој се наоѓа унифицирана и високо професионална библиотека, која е комбинирана со ретки книги, повеќето од областа на археологијата, од кои што најголемиот број на публикации ќе бидат во дигитална форма.

Библиотеката на фондацијата „Кирил Трајковски“ во музејот свечено беше отворена од министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.