Промоција на сликовницата за деца „Запознавање со минатото“

Музејот одржа промоција на првото едукативно издание за деца под наслов „Запознавање со минатото- Археологија за деца“ од авторот м-р Анета Фиданоска. Промотор на книгата беше министерката за култура г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска. Гости на промоцијата беа децата од градинката „Раде Јовчевски – Корчагин“, како и од основните училишта „Живко Брајковски“ и „Невена Георгиева – Дуња.“од Скопје.