ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ЛОНДОН

Претставување на македонското културно наследство на 18 и 19 Мај во престижниот изложбен простор „Олимпија“, во Лондон,, каде Управата за заштита на културното наследство ги презентираше книгите од едицијата„Најзначајните вредности од областа на културното и природно наследство на Р.Македонија, при што истовремено беше остварена работна средба помеѓу директорот на НУ Археолошки музеј на Македонија – Весела Честоева и директорот на Ashmolean Museum of Art and Archaeology University of Oxford – Dr Poul Roberts, при што се договорија активности за заедничка соработка. На лондонскиот саем учествуваа преку 150 земји, како Швајцарија, Шведска, Шкотска, Ирска, Австрија, САД, Данска, Германија и др., додека од балканските држави Македонија беше единствената што зема учество на овој голем настан од културата.
Домашниот штанд го посети и д-р Јован Донев, амбасадор на Р. Македонија во Велика Британија.