ПРЕДАВАЊЕ НА РУСКИ АРХЕОЛОЗИ

Во Археолошкиот музеј на Македонија предавање одржаа руските археолози Андреј Мазуркович и Екатерина Долбунова, гости од музејот Ермитаж од Санкт Петербург. Со нивното предавање се заврши меѓународниот научен собир за предисторија, кој во организација на Центарот за изучување на предисторијата, се одржуваше од 11 Мај секој ден во музеите во Скопје, Битола и Охрид, преку предавања, работилници и презентации на археолози од разни земји.
Археолозите од Русија говореа за неолитот помеѓу седмиот и третиот милениум п.н.е. Со бесплатната музејска тура за странските гости и со овој настан НУ Археолошки музеј го одбележи воедно и Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај