Предавања од Francesco Antonio Cellamare – Gruppo RASNA (Италија)

НУ Археолошки музеј на Македонија на 27.07.2015 год. во соработка со Конзерваторски Центар – Скопје, организира предавање на тема „Експериментална археологија – реконструкција и производство“ од страна на Francesco Antonio Cellamare – Gruppo RASNA (Italy).
Настанот го отворија директорката на Археолошки Музеј на Македонија, Весела Честоева и Ема Петрова –директор на Конзерваторски Центар Скопје.
Темата на настанот беше размена на искуства за потенцијалот на експерименталната археологија која директно би можела да допринесе во развојот на сферата на туризмот. Овој вид на археологија значително влијае и на популаризација на археологијата како наука, доловувајќи им ги на туристите „археолошките моменти“ надвор од музеите. Една од главните цели е да се доживее историјата преку искуство и директен контакт со предметите, алатите и материјалите кои се користеле во времето на нивната изработка