Потпишан договорот за јубилејната изложба “100 години Требеништа”!

Денеска во кабинетот на Димитар Брачков, градоначалник на Петрич, директорот на Aрхеолошкиот Mузеј на Македонија м-р Горан Санев и директорот на Националниот Археолошки Институт и Музеј при Бугарската Академија на науки од Софија , доц. д-р Људмил Вагалински го потпишаа договорот за реализација на јубилејната изложба ” 100 години Требеништа”, настан чија реализација се планира во ноември 2018 година.
Склучениот договор е почеток и најава на една успешна соработка и за понатамошни проекти.