Одбележување на светскиот ден на хемофилијата

Под мотото ТРЕТМАН ЗА СИТЕ ВИЗИЈА ЗА СИТЕ, на 17 ти април, а во организација на Здружение на хемофиличари на Македонија, се одбележа светскиот ден на борба против хемофилијата, при што НУ Археолошки музеј на Македонија беше осветлен во црвена боја со што се приклучи во одбележувањето.